Дома Трансфер зона (Видео) Дали ова е ДОКАЗ дека Кутињо го напушта Ливерпул?

(Видео) Дали ова е ДОКАЗ дека Кутињо го напушта Ливерпул?

Ова сигурно е вест која навивачите на Ливерпул не сакаа да ја слушнат.

Фудбалскиот клуб Ливерпул утрово го отстрани Фелипе Кутињо од излогот на „Енфилд“.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Да потсетиме, неодамна Барселона на овој начин го „отпиша“ Нејмар, непосредно пред тој да го официјализра трансферот во ПСЖ, а денес истиот „рецепт“ го примени и Ливерпул.

Според сегашната ситуација, доколку се водиме по случајот „Нејмар“, Кутињо наскоро ќе биде претставен како нов фудбалер на шпанскиот гигант.

На друштвените мрежи се појави видео како работниците на „Енфилд“ го отстрануваат ликот на Кутињо од излогот, што може да се протолкува како доказ дека „црвените“ веќе се помириле со заминувањето на Бразилецот.

Барселона се обидува веќе некое време да го доведе Кутињо, но Ливерпул ги одби понудите од 80 и 90 милиони евра и плус 30 како бонуси, сепак наскоро се очекува двете страни да постигнат договор.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Реал се вклучи во трката за Бруно Гимараеш

Реал Мадрид се вкучи во трката за потписот на плејмејкерот на Њукасл, Бруно Гимараеш. 26-г…