Дома Останати Тенис Серена Вилијамс: Ако јас го направев тоа што го направи Зверев ќе бев во затвор

Серена Вилијамс: Ако јас го направев тоа што го направи Зверев ќе бев во затвор

Aмериканската тенисерка Серена Вилијамс смета дека постојат двојни стандарди кога во прашање се казнувањата на играчите поради постапките на теренот.

Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст


Неодамна Александар Зверев беше дисквалификуван од турнирот во Акапулко затоа што неколку пати го удри рекетот во судиското столче. АТП потоа го казни Германецот со одземање на паричната награда и освоените бодови, третиот тенисер мораше да плати и 40.000 долари.

Тука се беше завршено. Зверев веќе овој викенд се врати на терен во Дејвис Купот.

„Постојат двојни стандарди. Ако јас го направев истото што и Зверев веројатно сега ќе бев во затвор, не се шегувам“, порача Серена.

Ќе потсетиме Американката последниот меч го одигра на Вимблдон минатата година кога се повреди во првото коло. Се уште не е познато кога ќе се врати на натпреварите.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

Лина Ѓорческа ќе се бори за место на Ролан Гарос!

Најдобрата македонска тенисерка, Лина Ѓорческа, го потврди учеството на вториот гренслем т…