Ирскиот борец Конор Мекгрегор повторно се најде во центарот на вниманието после негова објава на друштвените мрежи.
Мекгрегор дојде во центарот на вниманието откако се вклучи игра за купување на Челзи. Имено, рускиот милијардер Роман Абрамович објави дека го продава клубот после скоро 20 години.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Јасно е дека Абрамович ќе бара многу пари затоа што од Челзи направи фантастичен клуб. „Сините“ пред доаѓањето на Абрамович беа просечен англиски клуб, а од кога тој дојде станаа и еден од најдобрите клубови во Европа.
Ирецот објави на Твитер порака на Ватсап која му ја испратил на еден од своите соработници – одиме да го купиме! Гласи кратката порака на Конор.
I wish to explore this. @ChelseaFC pic.twitter.com/ABEjjCqhD7
— Conor McGregor (@TheNotoriousMMA) March 2, 2022
Ќе потсетиме Мекгрегор минатата година привлече внимание кога објави дека размислува да го купи Манчестер Јунајтед.
Hey guys, I’m thinking about buying Manchester United!
— Conor McGregor (@TheNotoriousMMA) April 20, 2021
What do you think?