Дома Фудбал Марсело: Сакам да ја завршам кариерата во Реал, но не се прашувам само јас

Марсело: Сакам да ја завршам кариерата во Реал, но не се прашувам само јас

Реал Мадрид е на добар пат оваа сезона да ја освои титулата во домашното првенство, а на лето се очекува реконструкција на екипата, како и заминување на неколку фудбалери, меѓу кои е и Марсело.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Бразилецот помина многу години во „кралскиот клуб“, па 33-годишниот играч има желба да ја заврши кариерата на „Сантијаго Бернабеу“.

„Мирен сум, ова е мој клуб. Сакам да ја завршам кариерата во екипата, но не е сè до мене. Има и други луѓе кои ќе влијаат на одлуката. Нема привилегии за никого. Чест ми е да сум еден од капитените на клубот“, вели Марсело.

Дефанзивецот пристигна во Мадрид во 2007 година и сè уште го памети денот кога потпиша за „кралевите“.

„Пристигнав со мојот агент за да се запознаам со Мадрид. Моите работи сè уште беа во Флуминезе. Ѝ кажав на девојка ми дека го видов Бекам…“, открива Бразилецот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Кој друг, ако не тој! Никој друг освен Меси нема постигнато голови на седум последователни натпревари на Мундијал

Лионел Меси влезе во историјата со своето најново достигнување. Тој го постигна своето 19-…