Викендов екипата на Александар Васоски, Сараево го игра градското дерби против Железничар. Пред овој натпревар македонскиот стратег доби добри вести.




Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст
Имено, според информациите на босанскиот портал „спортспорт.ба“ Васоски за овој натпревар ќе го има на располагање Даниел Аврамовски.




Аврамовски имаше проблеми со дозволите за престој и работа во БиХ меѓутоа сега е подготвен за деби во новиот клуб. Се најавуваше дека Аврамовски може да дебитира и денес против Слобода во купот, но шансите за тоа се мали.




Ќе потсетиме, Аврамовски без клуб беше од септември откако си замина од турскиот Кајзериспор каде што помина една сезона.