Дома Останати Кошарка НБА Далас славеше против Лејкерси, Дончиќ одличен 🎥

Далас славеше против Лејкерси, Дончиќ одличен 🎥

Лука Дончиќ продолжува со одличните настапи во НБА лигата.

Далас Маверикс на својот последен натпревар славеа против ЛА Лејкерси со резултат 104:109, а Дончиќ повторно беше најдобар во својот тим. Мавси одиграа одлично полувреме, водеа со 15 поени предност, меѓутоа домаќинот со одличната трета четвртина успеа да ги сврти работите во своја корист.


Франција без гол до полуфинале, таму ја чека разиграната Шпанија! ↓↓↓


Сепак, во одлучувачката четвртина тимот на Дончиќ беше подобар и стигна до 37. победа во сезоната со која се зацврстија во плеј-оф зоната.

Одличниот Словенец мечот го заврши со 25 поени, осум скокови и пет асистенции, додека Леброн беше најдобар со 26 поени и 12 скокови. Посебно се истакнува едно негово забивање.

Предводени од расположениот Таусон кој постигна 39 поени Минесота приредија мало изненадување победувајќи го Голден Стејт со 129:114. За Вориорси Стеф Кари постигна 34 поени.

Татум со 33 поени го водеше Бостон до победа над Атланта, додека Торонто Рапторс беа подобри од Бруклин со 109:108.

Вашингтон славеше против Детроит со 116:113, додека вреден гостински триумф запишаа ЛА Клиперси над Хјстон.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In НБА

Проверете

Фотографијата руши рекоди: Меси го држи во раце 6-месечниот Јамал📷

Ламин Јамал со 16 години ги собори сите рекорди со Шпанија на Европското првенство и покаж…