Tимот на Пелистер кој последнопласиран во македонската прва лига не успеа и денес против Ренова да дојде до првата победа. На пресметката која се одложи поради снегот во Битола, Пелистер и Ренова во Охрид денес одиграа 1:1.
Натпреварот беше отворен со голот на Бобан Здравевски во 15-та минута и така се најави дека битолчани можат конечно до прва победа сезонава. Сепак, пред крајот на првиот дел Албан Таипи го изедначи резултатот. Во вториот дел не видовме голови па двете екипи ги поделија бодовите.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
За Пелистер сезонава ова е шесто реми и се последни со дури 12 бода заостанување од зоната за баражот каде што е Тиквеш. Ренова за која ова беше седмо реми собра 31 бод и е петопласирана.
Во следното коло Пелистер гостува кај Брегалница, а Ренова дома го пречекува лидерот и најсериозниот кандидат за титулата сезонава, тимот на Шкупи.