Дома Трансфер зона Милан почна преговори со напаѓачот на Ливерпул

Милан почна преговори со напаѓачот на Ливерпул

Напаѓачот на Ливерпул, Дивок Ориги сигурно ќе го напушти клубот на крајот на сезоната, пренесуваат англиските медиуми.

26-годишниот напаѓач не добива голема минутажа кај Јирген Клоп, па тоа е причината поради која сака да ја промени средината.

Вардар, Работнички, Силекс, Шкендија – Кој ќе блесне во Европа!? ↓↓↓


Договорот на Белгиецот завршува на крајот на сезоната, па тој сега е слободен да преговара со заинтересираните клубови.

Таквата ситуација сака да ја искористи Милан и да го донесе на „Сан Сиро“. „Росонерите“ сакаат да ја победат конкуренцијата и веќе започнале преговори со неговиот агент.

Милан е во потрага по наследник на Ибрахимовиќ и верува дека Ориги би бил идеално решение.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Ливерпул ја зголеми понудата за Виртц, рекордниот трансфер е сè поблиску

Ливерпул ја упати својата втора понуда до Баер (Леверкузен) за Флориан Виртц. Според Дејви…