Дома Трансфер зона Шпанците најавуваат „предавство“: Гави преговарал со Реал Мадрид!?

Шпанците најавуваат „предавство“: Гави преговарал со Реал Мадрид!?

Тренерот на Барселона, Чави Ернандез му верува на младиот талентиран фудаблер Гави, кој влезе во почетниот состав на каталонскиот гигант на 17 години.

Гави има договор до 30 јуни 2023 година, а засега не успеа да се договори за продолжување на соработката со гигантот, додека неговиот менаџер Иван де ла Пена се појавил во канцелариите на Реал Мадрид пред неколку дена.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Овој потег на неговиот менаџер предизвика големи шпекулации во медиумите дека Гави ќе направи предавство и ќе се пресели во „кралскиот клуб“, кој наводно ќе му понуди подобри услови.

Гави претходно го одби Реал и реши да заигра за Барселона, меѓутоа тоа може да се промени наскоро кога ќе заврши неговиот договор, а Каталонците дотогаш мора да се обидат да му го продолжат договорот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Крај на една ера: Марко Ројс заминува од Борусија Дортмунд!

Легендата на Борусија Дортмунд, Марко Ројс ќе си замине по завршувањето на актуелната сезо…