Дома Фудбал Останато Шевченко: Во Лондон сум, но сите мои најблиски се во Украина

Шевченко: Во Лондон сум, но сите мои најблиски се во Украина

Поранешниот селектор на Украина, Андреј Шевченко се обрати на Украинците кои ја бранат земјата.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Русите ја нападнаа Украина во четвртокот и борбите веќе се водат на повеќе делови од земјата, меѓу кои е и градот Киев. Шевченко во овој момент е во Англија, но неговото семејство остана во Украина.

„Во Лондон сум, но мојата мајка, мојата сопруга и сите мои блиски се во Украина, многу сум загрижен. Родителите, мајката и сестрата се во близина на Киев. Се е во ред, но ова што се случува е страшно“.

„Сакам да испратам поддршка и благодарност до украинската војска, претседателот и нашиот народ кој ја брани земјата. Вие сте мои херои, горд сум на својата земја и својот народ“, порача Шевченко.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Алегри сака во Милан дефанзивец од Леверкузен

Главниот тренер на Милан Масимилијано Алегри го определил левиот бек на Баер Леверкузен Ал…