Дома Фудбал Бразил после Мундијалот во Катар ќе бара нов селектор

Бразил после Мундијалот во Катар ќе бара нов селектор

Петкратниот светски шампион Бразил ќе бара нов селектор кој ќе го наследи Тите по Мундијалот во Катар.

Тите во гостувањето на „СпорТВ“ објави дека си заминува од фунцкијата на крајот на оваа година. На селекторската клупа на Бразил Тите е веќе шест години и во тој период освои една Копа Америка во 2019 година, а не се прослави на Мундијалот во Русија во 2018.

На минатогодишното издание во Копа Америка „кариоките“ беа поразени во финалето од Аргентина.

„Не сакам да лажам никого, нашата цел е самата завршица на СП во Катар. Во кариерата освоив се ми недостига само Мундијалот, а после него си заминувам“, изјави Тите.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Двоен удар за Баерн: Келн однесе бод, Кејн и Олизе се повредија

Баерн одигра 1:1 со Келн во Минхен, но поголема грижа се принудните замени на Хари Кејн и …