Продолжува сагата околу главните мети на Барселона во овој момент, Фелипе Кутињо од Ливерпул и Осман Дембеле од Борусија Дортмунд. Каталонски „Спорт“ своето денешно издание го посвети на „штрајкот“ на главните мети на Барселона.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Бразилецот, Фелипе Кутињо, само неколку часа откако Ливерпул објави официјално соопштение во кое порачува дека тој не е на продажба, испрати официјално барање до клубот за негов трансфер со што јасно стави до знаење дека сака трансфер во Барселона.
Од друга страна познато е дека Дембеле намерно го пропушти тренингот на Борусија Дортмунд поради што беше суспендиран и парично казнет. „Спорт“ додава дека младиот Французин одбива да преговара со управата на „милионерите“, негова единствена желба е трансфер во Барселона.
Наводно преговорите за трансфер на Дембеле ќе бидат продолжени во понеделник.
