Дома Фудбал Манчестер Јунајтед раскинува голем спонзорски договор поради војната во Украина

Манчестер Јунајтед раскинува голем спонзорски договор поради војната во Украина

Манчестер Јунајтед е спремен да го прекине спонзорскиот договор со руската авиокомпанија „Аерофлот“ поради воениот конфликт помеѓу Русија и Украина.

Англискиот гигант сака да се дистанцира од националната авиокомпанија на Русија бидејќи сметаат дека тоа може да му донесе голема штета на имиџот на клубот.

Во понеденилникот „црвените ѓаволи“ откажаа приватен лет од руската компанија со која требаше да летаат до Мадрид.

„Аерофлот“ е еден од главните спонзори на Манчестер Јунајтед од 2013 година, а во 2017 година беше продолжен договорот тежок 40 милиони фунти.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Лидс чека шанса од Порто: Сануси на радарот за јануари

Договорот на Заиду Сануси истекува на крајот од сезоната, а Лидс ја следи ситуацијата со н…