Анхел ди Марија има договор со ПСЖ до крајот на сезоната, но најверојатно нема да ја продолжи соработката со „светците“.
„Екип“ пренесува дека ПСЖ нема намера да му понуди нов договор на 33-годишниот Аргентинец и му порачал дека може да си бара нов клуб.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Неговиот агент Жорге Мендеш го понудил Аргентинецот на италијанскиот гигант Милан, кој е заинтересиран да го донесе на „Сан Сиро“.
„Росонерите“ бараат засилување за десната крилна позиција, но Ди Марија ќе треба да прифати помала плата од таа која ја добива во ПСЖ.
Преговорите се почетна фаза и се очекува да се интензивираат во следните недели, пренесуваат италијанските медиуми.