Дома Македонски спорт Мак фудбал Зејнулаи: Го победивме Пелистер и сакаме да продолжиме со позитивни резултати

Зејнулаи: Го победивме Пелистер и сакаме да продолжиме со позитивни резултати

Работнички успешно го стартуваше вториот дел од првенството со триумф против Пелистер во Битола, а утре го очекува нов голем предизвик. Тимот на Борче Христов на арената „Тодор Проески“ ќе се соочи со лидерот Шкупи.

Фудбалерот од средниот ред Зрбин Зејнулаи најавува жестока борба и се надева на позитивен резултат за Работнички.

Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓


„Победивме на стартот против Пелистер, но сакаме да продолжиме со позитивни резултати во низа. Атмосферата во тимот е одлична и ќе се потрудиме да ја одржиме со добра игра и позитивен исход и против Шкупи. Тие се лидери и имаат квалитетен тим, но Работнички ќе се бори со сите сили за да го сопре Шкупи“, вели Арбин Зејнулаи.

Натпреварот меѓу Работнички и Шкупи се игра утре на арената „Тодор Проески“, со почеток во 14 часот. Главен судија на мечот ќе биде Александар Грујоски од Кичево.

Фото: ФК Работнички

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак фудбал

Проверете

Фудбалските надежи на Македонија до 19 години ќе одиграат два натпревари со Словачка

Репрезентацијата на Македонија до 19 години кон средината на април ќе одигра два контролни…