Дома Фудбал Агуеро потврди: Одам на СП во Катар!

Агуеро потврди: Одам на СП во Катар!

Серхио Агуеро неодамна објави крај на кариерата поради срцевите проблеми и аритмијата, сепак тој ќе биде дел од аргентинската репрезентација на претстојното Светско првенство кое се игра во Катар.

Агуеро нема да игра, но ќе биде дел од стручниот штаб.

„Ќе одам на СП во Катар. Сакам да бидам таму, имавме состанок и ќе се вклучам во работата на тренерскиот тим. Веќе имавме разговори со селекторот Скалони“, изјави Агуеро.

Во кариерата како играч, Агуеро има 101 настап за Аргентина во кои постигна 41 гол.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Двоен удар за Баерн: Келн однесе бод, Кејн и Олизе се повредија

Баерн одигра 1:1 со Келн во Минхен, но поголема грижа се принудните замени на Хари Кејн и …