Дома Трансфер зона Милан ја сака ѕвездата на Бенфика

Милан ја сака ѕвездата на Бенфика

Напаѓачот на Бенфика, Дарвин Нуњес ја воодушеви фудбалската јавност и е на мета на многу европски гиганти.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


22-годишниот уругвајски репрезентативец игра одлично и оваа сезона на 27 меча за Бенфика има постигнато 23 гола и 2 асистенции.

Нуњес е на мета на многу европски гиганти, а сега во трката за неговиот потпис се вклули и Милан. Скаутите на „росонерите“ го следат веќе подолго време и сакаат на лето да го донесат на „Сан Сиро“.

Милан е во потрага по врвен напаѓач кој ќе може долгорочно да го замени Ибрахимовиќ, кој е на залез на кариера.

Уругваецот но во договорот има откупна клаузула од 150 милиони евра, а Бенфика сигурно нема лесно да се откаже од него.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…