Милан е силно заинтересиран за офанзивниот фудбалер на Јувентус и италијански репрезентативец, Федерико Бернардески.
Бернардески беше доведен како еден од играчите на кои може да се темели иднината на Јувентус и „старата дама“ за него пред четири години плати 40 милиони евра.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Меѓутоа, Италијанецот не ги оправда во целост очекувањата, особено оваа сезона кога не добива голема минутажа кај Алегри.
Неговиот договор истекува на крајот на сезоната и нема најави дека двете страни ќе ја продолжат соработката, па Бернардески на лето ќе биде слободен агент.
Таквата ситуација сака да ја искористи Милан, бидејќи Пиоли во него гледа одлично засилување за десната крилна позиција.
Малдини веќе почнал преговори со неговиот агент и „росонерите“ се во пол-позиција за неговиот потпис.