Дома Фудбал Лига на шампиони Мбапе: Кажав дека ќе дадам се од себе, тоа и го направив

Мбапе: Кажав дека ќе дадам се од себе, тоа и го направив

Килијан Мбапе вчера го одлучи победникот во натпреварот помеѓу ПСЖ и Реал Мадрид.

Така Мбапе повторно се најде во центарот на вниманието, посебно затоа што многу се најавува дека наредната сезона ќе го носи дресот на Реал Мадрид. Вчера Французинот одлучувачкиот гол на натпреварот го постигна во 93-тата минута.


Кој ќе биде новиот шампион, Сити или Арсенал? ↓↓↓


„Неколку пати кажав дека ќе дадам се од себе и во овој натпревар го докажав тоа. Сега сакам истото да го направам и во Мадрид. Одиме на победа, чувањето резултат не е доволно за клуб како ПСЖ. Играм за еден од најголемите клубови во светот и ќе давам се од себе до крајот на сезоната. Дали овој натпревар ќе влијае на мојата одлука за иднината во кариерата? Не, во овој момент не размислувам за тоа“, изјави Мбапе.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Роналдо даде предвидување за разврската во Премиер лигата 🎥

Кристиано Роналдо беше дел од големиот бокс спектакл во Ријад и во живо ја следеше борбата…