Дома Македонски спорт Мак фудбал Борче Христов: Контролата над играта ни донесе победа во Битола

Борче Христов: Контролата над играта ни донесе победа во Битола

Работнички оствари важен триумф (0-2) над Пелистер на стартот на вториот дел од сезоната. Нашиот тим во финишот го скрши отпорот на домаќинот со головите на Анес Рушевиќ и на Марјан Ристовски.

Тренерот Борче Христов е задоволен од стартната победа во шампионатот.

ChatGPT ми беше гостин во поткаст – и не зажалив! ↓↓↓


„Знаевме дека не очекува тежок натпревар и противник кој ќе стори се за да остане непоразен. Влеговме психолошки подготвени дека ќе ја бараме победата до последен момент. Сакав да имаме контрола на играта и успеавме во тоа. Како што одминуваше времето го зголемувавме притисокот кон голот на Пелистер и на таков начин и дојдовме до двата гола. Можам да бидам задоволен од прикажаното на пролетната премиера, но тоа веднаш го оставаме зад нас и се подготвуваме за следниот меч, в недела на домашен терен го пречекуваме Шкупи. Ќе биде тоа еден сосема поинаков натпревар“, изјави шефот на стручниот штаб, Борче Христов.

Фото: ФК Работнички

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак фудбал

Проверете

Фудбалските надежи на Македонија до 19 години ќе одиграат два натпревари со Словачка

Репрезентацијата на Македонија до 19 години кон средината на април ќе одигра два контролни…