Милан е во потрага по квалитетен напаѓач, а најголема желба на „росонерите“ на Мауро Икарди, пренесуваат италијанските медиуми.
Златан Ибрахимовиќ ја игра последната сезона во кариерата, па Милан веќе почна да бара негов наследник.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Италијанските медиуми пренесуваат дека Малдини веќе почнал преговори со Икарди, кој не е среќен во ПСЖ и сака да се врати во Милано.
Малдини наскоро ќе почне преговори со Леонардо и ќе се обиде уште на лето да го донесе Аргентинецот на „Сан Сиро“ на позајмица со право на откуп.