Дома Македонски спорт Мак фудбал Пораз за Ѓорѓиоски на дебито со Брегалница, Ренова со победа си заминува од Штип

Пораз за Ѓорѓиоски на дебито со Брегалница, Ренова со победа си заминува од Штип

Пролетниот дел од ПФМЛ започна со победа на Ренова во Штип со 1:2.

Ренова беше подобриот тим, посебно во првиот дел и заслужено се радуваа. Натпреварот беше отворен со еден смешен гол кој го постигна Мурати после лошата проценка на голманот на штипјани, Денковски.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


Имаа „гипсарите“ уште неколку добри шанси, а Брегалница преку Манев ја погоди стативата. Во второто полувреме кога Брегалница тргна повеќе офанзивно за да изедначи и отвори простор за противникот Серафимовски постигна гол за 0:2.

Конечните 1:2 ги постигна Дмњановиќ. Во последните моменти од мечот Алтипармаковски пропушти зицер за 2:2.

Фото: ФК Брегалница

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак фудбал

Проверете

Вакво нешто не се памети во Македонија: РК Вардар спектакуларно го претстави новиот дрес! (Видео)

Ракометниот клуб Вардар ги одбројува последните денови до почетокот на новата сезона, а по…