Дома Трансфер зона Вилшер кариерата може да ја продолжи во Италија

Вилшер кариерата може да ја продолжи во Италија

Џек Вилшер сепак би можел да заигра во Италија.

Поранешниот капитен на Арсенал е без клуб од минатата сезона кога го напушти Бурнемоут. Тренираше со Арсенал и имаше желба да потпише договор со неговиот поранешен клуб. Со „топџиите“ беше и на зимскиот камп во Дубаи, сепак нема да добие договор.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Сега се најавува дека Вилшер ќе продолжи во Италија. Нов клуб на поранешниот англиски репрезентативец би можел да биде Комо. Преговарач е Паоло Анони, некогаш играч на Рома, тој изјави дека англискиот репрезентативец е повеќе од можност за италијанскиот тим.

Комо е на средина на табелата, но се уште има можност да се вмеша во борбата за бараж за еелитата. Вилшер со преминување на „Чизмата“ се поврзуваше и минатото лето, меѓутоа тогаш преговорите пропаднаа.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Арсенал и Ливерпул го сакаат Брахим Дијаз

Брахим Дијаз минатото лето се врати во Реал Мадрид и ја потврди својата класа, но оваа сез…