Вардар без поголеми проблеми дојде до победа против Прилеп од 20:34 во рамките од 19. коло во Суперлигата. Тимот на Дејвис од самиот старт најави дека ќе ја потврди фаворитската улога.
Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст
Од минута во минута Вардар ја зголемуваше предноста, па така после првите 30 минути гра резултатот веќе беше 10:22. Во второто полувреме Вардар го намали ритамот, но ниту еднаш не ја испушти двоцифрената предноста.
Христи Бикоски и Давор Шкоски беа лидерите кај Прилеп со по шест гола, два помалку постигна Гавашелишвил. Во редовите на Вардар Јан Чувара постигна пет, а по четири имаа Карапалевски, Ѓукиќ, Атанасовски и Ќосевски.