Четири НБА клуба направија голема размена на играчите.
Во размената учествуваа Сакраменто Кингс, ЛА Клиперси, Милвоки Бакс и Детроит Пистонс. Разменети се седум кошаркари. Главното име на трејдот е шпанскиот кошаркар Серж Ибака кој ги напушти Клиперси и кариерата ја продолжува во Милвоки Бакс.




Учиме по најтешкиот пат: Со едукација за заштита и спасување до спречување на трагедии! ↓↓↓
Милвоки покрај Ибака добија и пари и двата наредни пика од втората рунда на драфтот. Клиперси во размената ги добија Родни Худ и Семи Ојле, Сакраменто Донт Дивиченцо, Треј Лајлс и Џош Џексон.




Детроит во овој договор го добија Марвин Багли Џуниор. Преодниот рок во НБА трае уште денес.