Дома Фудбал Англија Фердинанд: Мислите ли дека 250.000 фунти ќе му сменат нешто на Зума?

Фердинанд: Мислите ли дека 250.000 фунти ќе му сменат нешто на Зума?

Поранешниот дефанзивец на Манчестер Јунајтед смета дека паричната казна не е доволна за Курт Зума кој ја шутираше својата мачка.

Зума е на удар на јавноста во Велика Британија откако беа објавени видеа на кои се гледа како дефанзивецот на Вест Хем ја малтретира својата мачка. Французинот прво ја шутираше мачката, а потоа и ја удираше во лице.


Нема одмор, по ЛШ не чека супер викенд: Тука е и Фантази! ↓↓↓


Вест Хем го казни со две неделни плати (250.000 фунти). Рио Фердинанд смета дека таа казна нема да го натера Зума да се замисли што направил.

„Мислите ли дека 250.000 фунти ќе му променат нешто на него или на кој било друг фудбалер во денешно време? Тие се милионери. Не верувам дека оваа казна ќе го натера да размисли што направил. Според мене поголем ефект ќе имаше ако беше суспендиран за некој натпревар. Паричните казни во денешно време не значат многу за фудбалерите“, изјави Фердинанд.

Зума во натпреварот против Вотфорд кој го играше еден ден после инцидент доби свирежи од противничките, но и од сопствените навивачи. Дејвид Мојс најави дека нема да го суспендира, меѓутоа сега и тој е под голем притисок од јавноста.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Рускиот фудбал е суспендиран, но добива милиони од УЕФА и ФИФА

Европската и светската фудбалска федерација уплатиле пари на сметката на Руската фудбалска…