Дома Топ вести Агентот пристигна во Милано, Малдини спрема трансфер „бомба“

Агентот пристигна во Милано, Малдини спрема трансфер „бомба“

Милан синоќа го прегази Лацио со 4:0 и се пласираше во полуфиналето од италијанскиот Куп.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Италијанските медиуми пренесоа дека синоќа на „Сан Сиро“ присуствувал и агентот на Свен Ботман, Ник Бруинберг.

Ботман е еден од најбараните дефанзивци во Европа и на лето сигуно ќе го напушти Лил, а Милан сака да ја победи конкуренцијата.

Неговиот агент денес ќе има средба со Малдини на која треба да ги договори личните услови за трансфер на лето.

22-годишниот Холанѓанец игра фантастично во дресот на Лил и се промовираше во еден од најдобрите млади дефанзивци, а во јануари одби богата понуда од Њукасл.

Ботман сака кариерата да ја продолжи на „Сан Сиро“ и е блиску до договор со „росонерите“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Барселона го купува промашувањето на Арсенал

Кога Јакуб Кивијор се пресели од Специја во Арсенал за 19 милиони евра во јануари 2023 год…