Дома Фудбал Играчите на Манчестер Јунајтед го сакаат Покетино

Играчите на Манчестер Јунајтед го сакаат Покетино

Играчите на Манчестер Јунајтед го сакаат Маурисио Покетино за нов менаџер на клубот, пренесуваат медиумите на Островот.

ПСЖ планира тренерска смена на лето и Покетино најверојатно ќе биде слободен да се врати на Островот.

Аргентинецот трпи критики за играта на „светците“ и дека не може да наметне авторитет во соблекувалната, па парижаните сигурно ќе се разделат со него на крајот на сезоната.

Ралф Рангник е привремен менаџер на Манчестер Јунајтед и „црвените ѓаволи“ веќе ја почнаа потрагата по нов тренер, а Покетино е на врвот на листата желби.

Покетино е спремен да се врати во Премиер лигата, а и играчите на Манчестер Јунајтед го сакаат Аргентинецот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Осум гола на десет меча, но Раимондо знае што му недостига за Италија

Напаѓачот на Фрозиноне има одличен голгетерски учинок, но за првиот сениорски повик сака д…