Во Скопје вчера по кратко боледување почина Фарук Омерагиќ долгогодишен спортски работник и активист во областа на културата и уметноста.
Смртта го затекна како актуелен претседател на Градски пливачки сојуз на Скопје, организација преку која им помогна на многу македонски пливачки надежи.
Данска vs. Македонија: Како тие се справуваат со отпадот, додека ние се расправаме кој е крив?
Фарук Омерагиќ беше роден на 16 февруари 1952 година. Во својата професионална кариера беше истакнат општествен работник и организатор на многу манифестации за младите, како и еден од основачите на културната манифестација „Скопско лето“.