Дома Фудбал Мбапе: Не сум донел никаква одлука, сега треба да го победиме Реал

Мбапе: Не сум донел никаква одлука, сега треба да го победиме Реал

Во фудбалската јавност преовладува мислењето дека Килијан Мбапе кариерата по завршувањето на сезоната ќе ја продолжи во Париз.

Во таква насока одеа и изјавите на Мбапе и челниците на ПСЖ. Договорот на Мбапе завршува на крајот од сезоната. Сега Французинот тврди дека сепак, се уште ништо не решил за својата иднина и не донел никаква иднина.

„Немам донесено никаква одлука. Пред нас имаме мисија да го победиме Реал во ЛШ. Дури и да сум слободен да правам што сакам, сигурно нема да преговарам со противникот или нешто слично. Фокусот во овој момент е само на победата против Реал, потоа ќе видиме што ќе се случи“, изјави Мбапе.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Два поништени гола, но силна порака: Естевао бара поголема улога во Челси

Бразилецот блесна против Манчестер јунајтед и покажа што може да добие Челси со него и Пал…