Ajрин Вуст денес испиша историја во Пекинг откако освои златен медал во индивидуална конкуренција на пет Олимписки игри (зимски и летни). Вуст победи на 1.500 метри брзо лизгање.
Холанѓаната која има 35 години стана најстариот олимписки шампион во било која дисциплина во лизагање. До победата дојде со олимписки рекорд од 1:53,28.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Освојувањето на златни медали Вуст го започна на Игрите во Торино во 2006 година каде што победи на 3.000 метри. Потоа во Ванкувер во 2010 освои злато на 1500 метри, во Сочи беше прва на 3.000 метри, а во Пјонгчанг на 1.500.