Уругваецот Нандез беше блиску до трансфер во Јувентус во јануари, но сепак тој трансфер не се реализираше.
За останувањето на Нандез во Каљари зборуваше првиот човек на овој клуб, Капокуза.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Нандез е еден од нашите најдобри фудбалери, тој амбициозен и сака да игра во европските натпревари, иако тоа не ми го кажал отворено јас го нзам. Каљари не беше проблемот што не се пресели во Јувентус. Понудата од Јувентус самиот ја одби затоа што стануваше збор за позајмица со право на откуп“.
„Дојде кај мене во канцеларија и ми кажа: Ако сакаат навистина да ме купат ќе одам, вака не. Прифаќаше позајмица со обврска да биде откупен, не само оппција. Тој верува во себе дека може да игра во топ клуб, меѓутоа не сака да си замине по секоја цена, среќен е во Каљари“.
Медиумите го поврзуваа и со Наполи и Рома, но со овие два клуба немало ништо сериозно.
„Рома никогаш не испратила понуда за него, а Наполи не може да си го дозволи“, изјави првиот човек на Каљари.