Шампионот од ОАЕ, Ал Џазира обезбеди четвртфинале на Светското клупско првенство откако денес со 4:1 победи против Пирае од Тахити, аматерскиот клуб кој доби шанса да игра на овој клупски Мундијал.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Малиот клуб од островите на француска Полинезија немаше сила за сензација, квалитетот беше очигледен, па победникот беше решен уште во првото полувреме кога Ал Џазира постигна три гола.
Во сабота се игра првото четвртфинале меѓу Ал Ахли и Монтереј.