Дома Фудбал Обамејанг: Ќе дадам се од себе Барселона да биде успешна

Обамејанг: Ќе дадам се од себе Барселона да биде успешна

Барселона денес го потврди трансферот на Пјер-Емерик Обамејанг иако Габонецот уште вчера тренираше со клубот.

Обамејанг во Барселона доаѓа како слободен играч откако го раскина договорот со Арсенал кој според најавите ќе му плати сума од осум милиони евра за предвремениот прекин на соработката.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


Со Барселона Обамејанг потпиша договор до 2025, но во него има опција да биде прекинат и летото 2023. Освен тоа Каталонците вметнаа и откупна клазула во износ од 100 милиони евра. По потврдата за трансферот Обамејанг за клупскиот сајт ја даде и првата изјава.

„Среќен сум што ќе играм за Барселона. Ќе дадам се од себе да помогнам тимот да биде успешен“, изјави Обамејанг.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Драма за Колумбиецот: Родригез веќе неколку дена лежи во болница – еве што вели медицинскиот извештај

Капитенот на репрезентацијата на Колумбија Хамес Родригез (34) по натпреварот со Франција …