Дома Фудбал Проблем за Реал: Менди се повреди

Проблем за Реал: Менди се повреди

Левиот бек на Реал Мадрид, Ферлан Менди доживеа повреда на мускулот и е под знак прашалник за натпреварот со ПСЖ.

Шпанските медиуми потврдија дека Менди е повреден и дека ќе паузира 10-15 дена. Неговата главна цел ќе биде да се опорави до дуелот со Парижаните.

Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст


Реал има прилично густ распоред во февруари. Во четврток му гостува на Билбао во Купот на Кралот, потоа ја дочекува Гранада, три дена потоа оди на Виљареал во Ла Лига, после што на 15-ти го чека гостувањето во Париз.

Додека не се опорави Менди се очекува Алаба да го менува, а позицијата стопер да ја преземе Начо.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Алонсо нуди 100 милиони евра за ѕвезда на Серија А!

Како што пренесуваат шпанските медиуми, тренерот на Реал Мадрид е категоричен во барањето …