Дома Фудбал Останато Бразилецот Куња ги покажа лузните од дуелот со голманот на Еквадор 📸

Бразилецот Куња ги покажа лузните од дуелот со голманот на Еквадор 📸

Напаѓачот на бразилската фудбалска репрезентација, Матеус Куња утрово на социјалните мрежи објави фотографија на која можеше да се забележат лузни по неговиот врат, кои се како последица на еден старт на натпреварот меѓу Еквадор и Бразил (1-1) во квалификациите за Светското првенство (СП).

Натпреварот го одбележаа два гола, но и четири црвени картони од кои два беа поништени со ВАР-технологијата, но во 15. минута се случи можеби најопасниот старт на дуелот.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Домаќините останаа без голманот Домингез, и тоа оправдано, откако тој жестоко со нога удри во вратот на Куња, а дека одлуката на судијата е добра покажуваат и фотографиите на социјалните мрежи.

Куња во шега кажа дека нема проблем со лузните, но како ќе ѝ објасни на сопругата што му се случило кога ќе дојде дома.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Ни Конте, ни Лопетеги: Милан го избра новиот тренер

Милан е во потрага по нов тренер откако стана јасно дека на крајот на сезоната ќе се разде…