Дома Фудбал Лига на шампиони Интер и дефинитивно без еден од клучните играчи против Ливерпул

Интер и дефинитивно без еден од клучните играчи против Ливерпул

Фудбалерот на Интер, Николо Барела ќе ги пропушти двата натпревари против Ливерпул во осминафиналето од Лигата на шампионите.

Репрезентативецот на Италија беше исклучен против Реал Мадрид во последниот натпревар од групната фаза, но во Интер се надеваа дека може да заработи само еден натпревар суспензија, а во реваншот да биде на теренот.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


Сепак, од тоа нема да има ништо и избраниците на Симоне Инзаги ќе имаат уште потешка задача против освојувачот на Лигата на шампионите од 2019 година.

Позитивно е што реваншот нема да се игра пред 8. март кога се очекува на терените да се врати новото засилување на Интер Робин Госенс.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

На масата на Хулијан Алварез е официјалната понуда, од великан да, но не од Барселона!

Иако за многумина Барселона беше фаворит и во првиот натпревар кој се одигра на Камп Ноу, …