Maкедонската судиска двојка, Ѓорѓи Начевски и Славе Николов и ова Европско првенство добро си ја врши работата, а доказ за тоа и новата задача која им ја додели ЕХФ.




Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Најдобрите македонски судии ја добија довербата од ЕХФ да го судат полуфиналето на Европското првенство кое ќе го играат Шпанија и Данска. Тоа е првата полуфинална двојка, кој е закажана утре од 18:00 часот.




Второто полуфинале во кое ќе се сретнат Франција и Шведска се игра истиот ден во терминот од 20:30 часот. Финалето на програмата е во недела.