Дома Фудбал Роналдо го блокирал „Трансфермаркт“ затоа што не му се допаднала вредноста која му ја одредиле

Роналдо го блокирал „Трансфермаркт“ затоа што не му се допаднала вредноста која му ја одредиле

Добро познато е дека Кристиано Роналдо има високо мислење за себе, така е веќе години наназад, а сега уште еднаш се потврдува.

„Трансфермаркт“ за многумина е најрелевантниот извор кога во прашање е вредноста на фудбалерите. Така тие направиле листа од фудбалери над 33 години и нивната вредност. На листата се нашол и Роналдо.

На Португлаецот не му се допаднала неговата одредена вредност, па прво им пишал порака, а потоа и ги блокирал. Информацијата не е шпекулација и ја потврдија луѓето од интернет порталот.

„Направивме листа со играчи над 33 години, Роналдо беше на првото место. Сепак, тој ни пиша дека вреди многу повеќе од тоа што ние сме му го одредиле. Прво испрати порака на колегите кои се задолжени за социјалните мрежи. Ние му објаснивме зошто ја има таа вредност, како и дека е најдобар во оваа група“.

Роналдо на нивното објаснување одговорил со неколку стикери за потоа и да ги блокира.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Влезе во 79. минута, па со гол и асистенција ја запечати победата на Цирих

Селмин Хоџа беше меѓу клучните играчи во гостинскиот триумф на Цирих над Јанг бојс со 5:3.…