Њукасл постигна договор со Лион со трансфер на бразилскиот играч за врска, Бруно Гимараеш.




Англискиот клуб ги задоволи финансиските барања на Лион и понуди 40 милиони евра за Бразилецот, кој сега треба да ги договори личните услови со Њукасл.




Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓
Тоа најверојатно нема да биде проблем, бидејќи Њукасл му нуди на Гимараеш четири пати повисока плата од таа која ја заработува во моментов.




24-годишниот играч за врска игра фантастично и го привлече вниманието на многу европски гиганти, но Њукасл ја победи конкуренцијата.




Бразилецот треба да биде трето засилување за клубот оваа зима после Киран Трипие и Крис Вуд.