Арсен Венгер веќе уште на стартот на Премиер лигата има проблеми со повредените играчи.
Имено, Венгер во првите два натпревари не ќе може да смета на Чилеаецот, Алексис Санчез, кој заработи повреда на абдоменалниот пршлен и ќе мора да паузира, па ќе ги пропушти натпреварите против Лестер и Стоук.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Дека Алексис е повреден, потврди и Венгер на денешната прес конференција.
„Алексис нема да игра. Заработи истегнување на абдоменот со кое се здоби на неделниот тренинг. Не знам колку ќе паузира, но сигурно нема да го гледаме против Лестер и Стоук“, изјави Венгер.
Французинот додаде и дека неиграњето на Чилеанецот би можело да биде голема загуба за неговиот. Потоа Венгер зборуваше за шпекулациите кои го поврзуваат Санчез со ПСЖ.
„Не можам да ви кажам дали сме добиле понуда. Мислам дека веќе кажав дека ниту една понуда нема да биде разгледана. Веројатно ПСЖ и не го сака. Колку што, знам тие се свртија кон доведување на Мбапе“, изјави Венгер.
Арсенал сезоната во Премиер лигата ќе ја отвори веќе во петок со натпреварот против Лестер.