Барселона одигра под своето ниво во натпреварот против Алавес, но на крајот сепак успеа да ги освои трите бода и тоа со голот на Френки Де Јонг во финишот од натпреварот.




Со оваа победа Барселона дојде на бод од Атлетико Мадрид против кого ќе играат во следната рунда.
Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст
„Оваа победа ни даде малку самодоверба, јас сум среќен. Беше важно да победиме, ние сме во тешка ситуација и резултатите секогаш доаѓаат со причина. Ова се три златни бода“.




Чави гледа проблеми кај играчите со самодовербата.
„Самодовербата кај фудбалерите е на ниско ниво, добиваат многу критики. Алба одигра одличен меч, како и Бускетс и Де Јонг кои беа критикувани. Не е лесно да сте играч на Барселона, овој дрес тежи 20 килограми повеќе од било кој друг“, порача Чави.