Белгискиот дефанзивец, Томас Вермален објави крај на кариерата.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Вермален кој најдобрите денови од кариерата ги помина во Арсенал и Ајакс на 36 години става крај на кариерата и ќе продолжи да работи како помошник во стручниот штаб на селекторот на Белгија Роберто Мартинез.




Кариерата Вермален ја започна во Ајакс од каде што се пресели во Арсенал каде што играше одличен фудбал. Во 2014 година направи трансфер во Барселона, но тогаш започна падот во неговата кариера. Една сезона помина на позајмица во Рома, а последниот ангажман го имаше во Јапонија во Висел Кобе.
За репрезентацијата на Белгија Вермален собра 85 настапи.