Дома Фудбал Останато Пеле вратен во болница, откриени му се уште три тумори

Пеле вратен во болница, откриени му се уште три тумори

Легендарниот Едисон Арантес до Насименто (81), познат како Пеле празниците ги дочека со своите најблиски откако пред крајот на годината беше пуштен од болница, но сега повторно е вратен во болничкиот кревет.

Долго беше Пеле хоспитализиран поради хемотерапијата, а се сметаше дека кон крајот на декември ја направи и последната, но неговата здравствена состојба повторно се влоши.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


„ЕСПН“ објави дека ракот се проширил на телото на бразилската легенда и дека му се откриени уште три тумори и тоа на цревата, бубрезите и белите дробови. Поради тоа трикратниот светски шампион повторно е хоспитализиран во болницата во Сао Паоло.

Бразилецот на 4. септември минатата година беше опериран поради тумор на дебелото црево, откриен при рутински лекарски преглед.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Барса го „блиндира“ Јамал со клаузула од 1 милијарда

Младата ѕвезда на Барселона Ламин Јамал е блиску до потпишување нов договор со клубот, обј…