Дома Останати Зверев: Сигурно има повеќе тенисери позитивни на Ковид-19, ама не ги тестираат

Зверев: Сигурно има повеќе тенисери позитивни на Ковид-19, ама не ги тестираат

Германскиот тенисер и светски рекет број 3, Александар Зверев, е загрижен за моменталната состојба со Ковид-19 меѓу учесниците на Австрлиа Опен.

Зверев смета дека веројатно има повеќе играчи заразени со ковид-19 на Австралија Опен, но тие не се тестираат, пренесува Ројтерс.


Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓


Оваа изјава како ладен туш доаѓа само два дена по депортацијата на асот Новак Ѓоковиќ од Мелбурн.

„Дозволено ни е да излеземе да јадеме, да правиме што сакаме, така што мислам дека е природно повеќе луѓе да заболат од ковид“, им рече Зверев на новинарите по победата во второто коло против Австралиецот Џон Милман.

Французинот Хуго Амбер претходно денеска објави дека е позитивен на коронавирусот, ден по поразот во првото коло од неговиот сонародник Ришар Гаске, поради што беше изолиран во Австралија една недела. Но, веројатно има и други позитивни меѓу тенисерите.

„Мислам дека неколку играчи имаа проблем кога пристигнаа. Мислам дека сега има многу играчи. Не се тестираме, па мислам дека ако се тестиравме, веројатно ќе имаше повеќе позитивни отколку сега“, рече Зверев.

Од Ројтерс, пробале да контактираат со „Тенис Австралија“ за коментар во врска со новиот скандал. Според Еј-Би-Си Њуз, австралиски портал, играчите имаат обврска да вршат брзи антигенски тестови само на дневна основа, а се контролираа само оние тестови кои се спроведуваат на денот на пристигнувањето и помеѓу петтиот и седмиот ден од нивниот престој во Австралија.

Австралискиот тенисер Бернард Томиќ минатата недела ги критикуваше протоколите за тестирање за ковид-19 за време на квалификациите.

„Не можам да верувам дека никој не се тестира. Тие им дозволуваат на играчите да излезат на терен со брзи тестови во нивната соба. Официјално ПЦР-тестирање нема“, рече Томиќ.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останати

Проверете

Агаси го „отпиша“ Србинот за следната сезона: Мислам дека Ѓоковиќ ќе остане без енергија

Новак Ѓоковиќ ќе ја започне новата сезона со учество во Бризбејн (30 декември – 6 ја…