Дома Фудбал Останато ФИФА смисли посебна награда за Роналдо

ФИФА смисли посебна награда за Роналдо

Кристијано Роналдо не заврши ниту во топ 3 во изборот на ФИФА за најдобри фудбалери за 2021 година, но Светската фудбалска организација смисли ново признание за Португалецот.

Роналдо во изминатата година испиша историја така што стана играчот со најмногу репрезентативни голови на сите времиња, го надмина Али Даеи кој долго време беше на врвот на листата.


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Така поради тие историски 115 голови ФИФА воведе нова награда „најдобар репрезентативен голгетер на сите времиња“ за да му оддаде признание на Роналдо.

„Сакам да се заблагодарам на моите португалски соиграчи за оваа награда. Горд сум на себе и моето семејство. Посебно е чувството да се биде најдобар репрезентативец голгетер. Очекувам да играм фудбал уште четири или пет години. Ако телото добро го чувате, тоа ќе ви возврати на најдобар начин“, истакна Роналдо.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Баерн го доби дербито, Сити заборави да победува

Манчестер Сити продолжи со серијата на лоши резултати, Баерн Минхен со минимална победа го…