Дома Македонски спорт Митревски: Црна Гора денес беше повеќе мотивирана, поразот е на целата екипа

Митревски: Црна Гора денес беше повеќе мотивирана, поразот е на целата екипа

Никола Митревски беше најдобриот поединец на Македонија во денешниот пораз од Црна Гора, сепак неговите одбрани не знаевме да ги искористиме во нападот.

Од моментот кога влезе во игра на крајот на второто полувреме покажа дека ќе биде на препознатливото ниво.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


„Одигравме многу под тоа што се подготвуваме за Црна Гора. Во овој натпревар не ги достигнавме нашите можности. Но, секој натпревар е можност да учите. И честитам на Црна Гора, беа повеќе мотивирани и агресивни и ги искористија нашите грешки“.

Митревски верува во работата на овој стручен штаб.

„Верувам во работата на овој стручен штаб, мислам дека работиме добро. Денес сите грешевме. Натпреварот не го изгуби некој поединец, го изгубивме сите“.

Пред почетокот на натпреварот стигна веста дека ќе играме без Стојанче Стоилов кој е позитивен на коронавирус.

„Секое отсуство може да биде проблеми, а посебно ако ви фали некој како Стоилов. Добивме поддршка од него, а знаевме дека ќе ни недостасува кога дознавме дека е позитивен. Се надевам ќе се врати брзо“, изјави Митревски.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Клоп се пожали: Тоа што ни го прават не е нормално

Јирген Клоп како и неколку пати во текот на сезоната повторно се жалеше на густиот распоре…