Мауро Икарди не е задоволен од својот статус во ПСЖ и сака да ја промени средината во зимскиот преоден рок.
Икарди не добива голема минутажа во Париз поради големата конкуренција и побарал трансфер, а таквата ситуација сака да ја искористи Барселона.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Тренерот Чави Ернандез сака нов напаѓач, смета дека Лук де Јонг не е доволно добар, а верува дека Икарди одлично ќе се вклопи бидејќи потекнува токму од школата на Барселона.
Барселона ќе се обиде да го донесе Аргентинецот на позајмица, а токму тоа може да биде проблем бидејќи ПСЖ сака трајно да се ослободи од Икарди.