Никола Митревски е негативен и на последниот тест, па тој е на пат кон Дебрецен и постои можност да игра утре против Црна Гора.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Mитревски го пропушти првиот натпревар поради позитивниот тест непосредно пред тргнувањето за ЕП. Во претходните денови македонскиот голман направи четири теста, три антиген и еден ПЦР и сите биле негативни.
Денес по пристигнувањето во Дебрецен на Митревски ќе му биде направен нов тест и доколку е негативен нема да има пречки да брани против Црна Гора.
Натпреварот против Црна Гора го играме утре од 18:00 часот.