Новинарите на австралискиот „Канал 7“ Ребека Медерн и Мајк Амор го навредуваа Новак Ѓоковиќ пред вклучувањето во живо во програма на телевизија.
Како што може да се забележи двајцата не забележаа дека камерите се вклучени и во разговорот упатија навреди за првиот тенисер на АТП листата.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Како и да го гледаш сето ова Новак Ѓоковиќ лажлив се*ко. Жално е што луѓето го поддржуваат. Излегуваш надвор се штеташ слободно, а си позитивен…Мислам дека не ни бил позитивен. Потоа оди во Шпанија. Падна во своите лаги. Мислам дека на крај и покрај се ќе се извлече“.
Во разговорот потоа ја споменаа и чешката тенисерка која во земјата помина повеќе од една недела, дури и одигра турнир пред властите да ја депортираат.
„Многу луѓе мислат дека е кретен, а коментираат дали имало правда за него. Тоа е проблем зарем не? Мислам дека ништо не се доби со тоа што беше испратен во емиграционен хотел. Се правдаат пред луѓето кои биле во истиот авион со него. Неговиот живот не е фер, некои летаат со прва класа, а некои…Онаа кутра Чехиња беше испратена дома“, зборуваат новинарите.
Should @Channel7 reporters behave like this? #LetNovakPlay #istandwithnovak #IStandWithDjokovic #AustraliaHasFallen What do you think @OzraeliAvi pic.twitter.com/VNNm7x5ZXJ
— Uros Brkic (@urbr) January 11, 2022